Categories
научни

Печатот на вистината

Гоце Ристовски во „Печатот на вистината“ се обидува да го следи начинот на кој театарот преживеа како жива традиција, постојано докажувајќи ја сопствената неопходност, менувајќи се во зависност од шемите на животот, често влијаејќи на нивниот облик и боја. Оваа книга, според сфаќањето за театарот како згуснато време, опфаќа временски период кој се протега од почетокот на театарот, од пред повеќе од две и пол илјади години, се до денешен ден, притоа и на наше тло.

Categories
научни

Поезијата и емоцијата

Влијанието на поезијата за деца врз емоционално-социјалниот развој

Книгата Поезијата и емоцијата од м-р Ѕунка Дончева, преку научна експертиза, го запознава читателот со суштинската улога и значењето на примарните емоции при процесот на прием и доживување на поезијата за деца. Преку едукација на примарните емоции, нивно спознавање, детето може да оствари квалитетно себеспознание. Преку доживувањето на поезијата како феномен, кај децата се поттикнуваат разни емоции. Една од можните цели на ваквиот пристап е емоциите да бидат препознаени, почувствувани и разбрани, и соодветно применети, со цел да им се помогне на децата како да се справуваат со нив. На тој начин, на децата им станува јасно како да ги восприемаат емоциите и како правилно да реагираат на нив.

Categories
поезија

Невидлива присутност

Стихозбирката „Невидлива присутност“ од Чедомир Б. Шопкиќ привлекува со сплетот на силниот лирски набој и пронижените стихови со универзални пораки за човекот и неговата морална опстојба. Примамливоста и убавината на испишаните стихови е во тоа што авторот преку искажаните „зборови од срце“ за љубовта, упатува на значењето на човекот односно на тоа колку е важно човекот да остане „обичен мал човек“, со душа како чистотата на природата…


Мoжеш ли…


Можеш ли да го изговориш зборот ЉУБОВ
со молчење,
и со своите прсти, да ја допреш без да ја скршиш…
Да ја задржиш, како зеницата во окото
да ја чуваш и пред света икона да се заколнеш…
Можеш ли со насмевка да ја допреш душата,
пред утрото, со поглед да помилуваш,
будна да сонуваш, со очи да бакнуваш,
срце да отвориш и да ја продолжиш
приказната таму каде што завршува…
Можеш ли да ги слушнеш:
говорот на чисти емоции,
приказната полна со копнежи,
шепотот застанат на усните,
и солзите со рака да ги избришеш,
силно на градите, искрено да прегрнеш,
да разбереш, да простиш без да се покаеш…
Можеш ли? Ако можеш,
тогаш знаеш и никогаш да престанеш!
Да сакаш и да живееш,
да бидеш среќна и да веруваш
во тоа чувство што ЉУБОВ се вика…