
13 Nov ПОВИК ЗА ЛОГОПЕДСКА ОНЛАЈН КОНФЕРЕНЦИЈА
Posted at 00:44h in Uncategorized
Здружението „ИНТЕРАКЦИЈА ПЛУС“ – Скопје во соработка со Друштвото за логопедски услуги „Од А до Ш“ – Скопје и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје, организираат Логопедска оnline конференција на тема „Говорно-јазичните отстапувања на децата од предучилишна возраст“. Во текот на конференцијата ќе стане збор за најчестите говорни отстапувања кои се среќаваат во детската возраст, факторите и причините кои придонесуваат за развивање правилен и јасен говор кај децата, исто така и кои се причините кои може да доведат до задоцнето прозборување и одредени проблеми и потешкотии во говорот на децата.
На конференцијата ќе бидат споделувани искуства од практичната работа со децата, како и избор на методи кои се користат во логопедската и дефектолошката пракса со децата, како и совети и препораки за родителите како можат да им помогнат на своите деца во поттикнувањето на говорно – јазичниот развој. На конференцијата може да земат учество родители на деца, воспитувачи, наставници, педагози, логопеди, дефектолози и сите заинтересирани лица.
Конференцијата ќе се одржи на 10 декември 2020 година (четврток) со почеток во 12 часот.
Пријавување за Конференцијата на следниве мејлови: ana_petreska@live.com или info@interakcijaplus.mk
Котизацијата за учество на Oнлајн конференцијата е 600 денари, кои треба да се уплатат на следнава жиро-сметка:
ИНТЕРАКЦИЈА ПЛУС – СКОПЈЕ
Жиро-сметка: 300000004416446
депонент на Комерцијална банка – Скопје
Цел на уплатата: котизација за Конференцијата
За подетални информации, доколку е потребно, слободно јавете се на следниве телефони: (02) 3203-992 Интеракција плус; (078) 245484 и (071) 973362 Ана Петреска
Инаку, сите учесници на Логопедската онлајн конференција, по нејзиното завршување, ќе добијат сертификати од страна на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје.