Ајде кажи Брррррррррранка….

Ајде кажи Брррррррррранка….

Ротацизмот всушност претставува пореметување во изговорот на гласот Р. Знаеме дека голем дел од децата се соочуват со проблем кога станува збор за изговарањето токму на овој глас.

Гласот Р во однос на другите гласови бара добра подвижност на јазикот и координирани движења на јазичните мускули. Исто така, потребна е и добра физиолошка зрелост кај детето и токму заради тоа овој глас се создава подоцна, односно на 4-5 годишна возраст.

Пореметувањето на гласот Р може да се јави како:

Омисија, кога гласот Р се испушта

Супституција, замена на гласот Р со друг глас

Дисторзија, неправилна артикулација на гласот Р

Најчести причини кои доведуваат до пореметување во изговорот на гласот Р се:

Органски (краток јазик, краток френулум, расцеп на непце или невролошки проблеми) и физиолошки (задоцнет говорно-јазичен развој).

Неправилниот изговор на гласот Р се толерира до 5 години, а потоа треба да се побара задолжителна логопедска помош.

Навременото отпочнување со логопедски третмани за корекција на гласот Р доведува до полесен и пократкотраен третман.

Клинички логопед-специјалист, Благица Маркоска, Интеракција плус, Скопје